Еднособен стан

Станови on 16 Feb , 2015
1114

Во овој тип на стан преку претсобјето се влегува во просторот кој служи за дневен престој и во бањата. Претсобјето е доволно големо за да собере вграден плакар. Во просторот за дневен престој е сместена кујната и трпезаријата кои се функционално одделени од дневниот престој кој излегува на тераса. Влезот на спалната соба би бил од дневниот престој, доколку станот биде двособен.

Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната и бањата се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.