Трособен стан – 4

Станови on 16 Feb , 2015

Stan-2-71m2 112

Во овој тип на стан преку претсобјето директно се влегува во просторот кој служи за дневен престој кој е ориентиран централно во станот, во кој кујната заедно со трпезаријата е одделена како целина, со излез на тераса. Од самото претсобје на левата страна има влез во едната спална соба, додека на десната страна е сместена втората спална соба, со излез на тераса, како и  бањата.

Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната и бањата се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.