Четворособен стан – 3

Станови on 16 Feb , 2015

Stan-3-102m2
1113

Во овој тип на стан преку претсобјето директно се влегува во просторот кој служи за дневен престој кој е ориентиран централно во станот, во кој кујната заедно со трпезаријата е одделена како целина. Од просторот за дневен престој се излегува на тераса. Од самото претсобје на левата страна има влез во едната спална соба и во гостинското wc, додека на дестаната страна, преку дегажманот се влегува во останатите две спални соби и бањата. Едната од овие две спални соби исто така има излез на втора тераса.

Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната, бањата и гостинското wc се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.