Четворособен стан – 4

Станови on 16 Feb , 2015

Stan-5-102m2
111155

Во овој тип на стан со помош на претсобјето тој е поделен на две функционални единки и тоа, дневен престој од едната страна и простор за спиење на другата страна. Преку претсобјето има влез во гостинското wc, како и во просторијата за дневен престој, кој заедно со отворениот тип на кујна и трпезарија имаат излез на тераса. Од другата страна на претсобјето, се смесетни трите спални соби и бањата која е во директна функција на истите, а исто така е пристапна од претсобјето. Од едната спална соба се излегува на втората тераса.

Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната, бањата и гостинското wc се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.