Тотал инженеринг Струмица е градежно инвестициона компанија основана во 2009 година, со единствена намена – инвестирање во високоградба со продажба на станбен и деловен простор. Следејќи го трендот во градежниот сектор, а со цел активно вклучување во подобрување на животниот стил на живеење во колективни станбени згради, Тотал Инженеринг со целосно посветена работа стана синоним за инвестирање во квалитетна и сигурна градба од различен тип.

Нашите објекти се потврда за професионалноста за која се залагаме, континуирано подобрувајќи го квалитетот и поставувајќи ги новите трендови во градежништвото воопшто. Со континуирано следење на современите технологии и модели на градење, како и нивна примена, постојана соработка со иновативни компании во областа на градежништвото и инвестиција во најквалитетни градежни материјали со одлични термички, звучни и хидроизолациски својства за кои секогаш обезбедуваме најдолги гаранции, Тотал Инженеринг гради домови по врвни стандарди.

Материјалите и опремата која ја вградуваме во нашите станбено деловни објекти се исклучиво од реномирани европски и светски производители за чиј квалитет гарантираат самите производители и дистрибутерите на истите. За успешно и квалитетно вградување на градежните материјали, изведбата на градежно-занатските работи како и самото градење, Тотал Инженеринг ангажира надворешни стручни и лиценцирани соработници од секоја област со што се осигурува квалитетот при градењето. Тотал Инженеринг Струмица е докажана градежна компанија која со посветена работа во изминатите 12 години бележи континуиран раст. Во иднина, наша примарна дејност останува изградба на станбени и деловни објекти, кои се и ќе бидат синоним за сигурна и квалитетна градба. Тотал Инженеринг располага со солидна актива со што претставува финансиски моќна компанија која ги финансира своите проекти, при тоа незагрозувајки ги правата на своите клиенти или потенцијлни купувачи. Нашите клиенти се нашиот мотив за залагање во унапредувањето на изведување на што поквалитетни станбени и деловни единици.

Пред сe`, веруваме во задоволни купувачи и инсистираме во професионалното, одговорно и навремено извршување на обврските кон нашите клиенти и соработници. Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно еко домување, притоа ставајќи главен акцент на сеизмичката сигурност, енергетската ефикасност на објектите, на намалување на негативните влијанија врз животната средина и штедење енергија преку квалитетот на градежните материјали и вградената опрема. На нашите клиенти им нудиме врвен квалитет на станбено деловни единици, по услови погодни за нивните потреби и можности. ДГИ Тотал Инженеринг во континуитет врши применување на нови техники и технологии под надзор на високо стручно обучени кадри, се` со една цел – Обезбедување на сигурни и квалитетни услови за живот за своите клиенти.

Нашите соработници кои се задолжени за изведбата на енергетско-ефикасни градби, мораат да поседуваат меѓународно признати сертификати за квалитет, како и најсовремена опрема и механизација за градење.

Тотал Инженеринг гради станбено-деловни комплекси по највисоки градежни, еколошки и социјални стандарди. Се грижиме за општеството на кое му служиме. Изборот кој го правиме не важи само за денес и само за нас! Нашата општествена одговорност е долгорочна и резултатите од истата е наследство за идните генерации.

Тотал Инженеринг ги поседува сите потребни сертификати за квалитет, како и за заштита на животната средина.


Scroll to top