Комплекс Карпош 2023 – Струмица

Локацијата за изградба на објектот е на источниот агол од градежната парцела. Обиколена е од две страни со новопроектирани улици и тоа ул. „Број 4“ и ул.„Број 15“ и сите се реализирани до ниво на асфалтиран коловоз. Улиците околу парцелата се предвидени да се изведат со тротоари со ширина од 1,5 до 2,0м. Влезот со патничко возило во локацијата ќе биде од улицата „Број 4“. Теренот е практично рамен со пад од запад кон исток од 0,5-0,8%. Парцелата на која се предвидува проектираниот објект е со површина од 2511,08м2 додека максималната површина за градење изнесува 640,0м2.

Вкупната станбена корисна површина на објектот изнесува 3.904,53м2 без потпокривниот простор кој изнесува 679,60м2, со што вкупната корисна станбена површина заедно со потпокривниот простор ќе изнесува 4.580,13м2. Вкупната корисна површина во приземјето, катовите и потпокривниот простор и подземните паркинзи изнесува 6.778,36м2. Нето станбената корисна површина на карактеристичен кат изнесува 682,65м2, додека вкупната бруто корисна површина по кат изнесува 757,66м2. Бидејќи максималната површина за градење на парцелата е 640,0м2, а габаритот на објектот е иста така со вкупна површина од 640,0м2 процентот на изграденост на овој објект изнесува 100,0% а во однос на површината на парцелата 2.511,08м2, процентот на изграденост во однос за овој објект изнесува 25,48% Објектот е поставен на локацијата согласно со зададените параметри од Изводот од ДУП за град Струмица, со еден станбен влез ориентиран кон север и влез со возило од улица „Број 4“. Висината на котата од приземјето од кота на партерот ќе биде завршно +110см. Висината на станбените катови изнесува 2,90м од плоча до плоча. Висината на подземните паркинзи е 2,70м од плоча на под до плоча на партер.

Објектот е проектиран со катност П+5 ката со тоа што потпокривниот простор е искористен за станбени содржини. Во објектот се предвидени 80 стана со еден влез, и тоа по 12 на катовите и потпокривниот простор и 8 во приземјето. Во влезот посебно е предвидено просторија за домар.

Становите се проектирани со различни површини од кои 36 се двособни (со површина од 45; 55; и 56м2), а 44 се трособни (со површина од 57; 61; 65 и 68м2) со можност за нивно спојување за формирање на поголем стан ако се јави потреба од тоа. Сите се наменети за слободна продажба. Според бројот на станови, нивната големина и урбанистичките нормативи (на секои 80м2 станбена површина по 1 паркинг), за вкупната нето површина од 4.580,13м2 потребни се 57 паркинг места. Дел од потребниот број на паркинг места е обезбеден во подземниот паркинг под самиот објект – 43, а дел на ниво на партерот на самата локација – 14.

Согласно со законските прописи и проектната програма, предвидени се два лифта со носивост од 650кг. Скалишниот простор е централно поставен како двокраки скали, а веднаш до скалишниот простор се формира армирано-бетонско окно за два лифта.

За лесно прилагодливи станови за лица со посебни потреби определени се становите 13, 25, 37 и 49 од први до четврти кат. Согласно со законските прописи од чл.22 од Правилникот за начинот на обезбедување непречен пристап, движење на лицата со инвалидитет до и во градбите, за влез во приземјето предвидена е коса рампа за качување до котата на приземјето и пристап до лифтовите.

Обликувањето на објектот се постига со испуштени еркери и тераси со различна големина и обработка. Партерот околу објектот е решаван согласно условите кои ги налага локацијата на објектот, како и законските прописи за обезбедување потребен број паркинг места. Просторот во партерот околу објектот ќе се поплочи со „бехатон“ коцки со д=5см поставени врз слој од ситен песок д=6см. Површините наменети за зеленило ќе бидат исчистени од постоечќи грмушки и шут и ќе бидат насипани со хумус во слој од д=30см.




Scroll to top