Двособен стан

Станови on 16 Feb , 2015

Stan-10_-16_-22_-28_-34_-40-68m2

11

Во овој тип на стан од претсобјето се влегува во бањата, спалната соба и просторот за дневен престој. Во самото претсобје е сместена и остава која е просторно одделена од истото. Во просторот за дневен престој се сместени кујна и трпезарија. Кујната се перцепира како посебна простнорна целина. Станот располага со една тераса на која се излегува преку дневниот престој и преку спалната соба.

Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната и бањата се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.