Комплекс Карпош 2 – Струмица

Објектот е поставен на локација согласно зададените параметри од Изводот од ДУП за град Струмица, со два станбени влеза ориентирани кон задната страна на објектот и влез со возило од улица „Мајка Тереза“.

Објектот е решен со деловен простор во приземјето, а по катовите со станови за живеење. Катната висина од кота на плоча до кота на плоча во приземјето ќе изнесува 3,60м а по катовите висината ќе изнесува 2,90м. Вкупната висина до венецот на објектот ќ биде 21,45м мерено од котата на теренот. Со проектираното решение на кровната конструкција, предвидено е да се искористи и потпокривниот простор за содржини како по спратовите.

Објектот е проектиран со катност П(приземје) + 6 ката + Поткровје. Во него се предвидени 84 стана, поделени по 42 во два влеза. Двата влеза се целосно независни и како објект се дилатирани и конструктивно еден од друг. Единствено во подземните паркинзи просторот е поврзан и за двата влеза. Во секој влез посебно е предвидено просторија за домар, електрособа, како и просторија за лифтовските постројки.

Становите се проектирани со различни површини и тоа од 57м2, па до 124м2 наменети за слободна продажба. Според бројот на станови, нивната големина и урбанистичките нормативи, за вкупната нето површина потребни се 89 паркинг места. За деловниот простор според урбанистичките нормативи за вкупната нето површина потребни се 14 паркинг места.

Становите се распределени во два независни влеза со по 6 станови на спрат и 6 станови на поткровје. На секој спрат се проектирани по 2-двособни од 57м2 и 68м2; 2-трособни од 82м2 и 87м2 и 2-четирисобни станови со површина од 98м2 и 114м2. На поткровје проектирани се 2-двособни од 62м2 и 69м2; 2-трособни од 83м2 и 88м2 и 2-четирисобни станови со површина од 103м2 и 124м2.

Согласно проектната програма, предвидени се два лифта (по еден за секој влез) со носивост од 800 кг. Скалишниот простор и во двата влеза е директно осветлен на фасада и е природно вентилиран. Обликувањето на објектот се постига со испуштени еркери и тераси со различна големина и обработка.

Вкупниот потребен број на паркинг места изнесува 103 и е обезбеден во подземниот паркинг под самиот објект и на партер на самата локација. При ова земени се предвид и 3% од паркинг местата потребни за лица со посебни потреби, кои се предвидени во партер како би имале полесен пристап до влезот на станбената зграда.

Партерот околу објектот е решаван согласно условите кои ги налага локацијата на објектот, како и законските прописи за обезбедување потребен број паркинг места.

Просторот во партерот околу објектот ќе се поплочи со „бекатон“ коцки со д=5см поставени врз слој ситен песок до д=6см. Површините наменети за зеленило ќе се насипат со хумус во слој со д=30 см

ТЕК НА ГРАДБА