Опис на објектот и становите
Карпош 2 е поставен на локација согласно зададените параметри од Изводот од ДУП за град Струмица, со два станбени влеза ориентирани кон задната страна на објектот и влез со возило од улица „Мајка Тереза“.
Становите се проектирани со различни површини и тоа од 57м2, па до 124м2 наменети за слободна продажба. Според бројот на станови, нивната големина и урбанистичките нормативи, за вкупната нето површина потребни се 89 паркинг места.
Со проектираното решение на кровната конструкција, предвидено е да се искористи и потпокривниот простор за содржини како по спратовите.
Карпош 2 е проектиран со катност П(приземје) + 6 ката + Поткровје. Во него се предвидени 84 стана, поделени по 42 во два влеза. Двата влеза се целосно независни и како објект се дилатирани и конструктивно еден од друг.
Карпош 2 единствно во подземните паркинзи просторот е поврзан и за двата влеза. Во секој влез посебно е предвидено просторија за домар, електрособа, како и просторија за лифтовските постројки.
За деловниот простор според урбанистичките нормативи за вкупната нето површина потребни се 14 паркинг места.
Согласно проектната програма, предвидени се два лифта (по еден за секој влез) со носивост од 800 кг. Скалишниот простор и во двата влеза е директно осветлен на фасада и е природно вентилиран. Обликувањето на објектот се постига со испуштени еркери и тераси со различна големина и обработка.
Карпош 2 – паркинг
Становите се проектирани со различни површини и тоа од 57м2, па до 124м2 наменети за слободна продажба. Според бројот на станови, нивната големина и урбанистичките нормативи, за вкупната нето површина потребни се 89 паркинг места.За деловниот простор според урбанистичките нормативи за вкупната нето површина потребни се 14 паркинг места.
Скица и опис од станови
Опис | м2 | Спрат |
Двособен | 57м2 | од 1 до 6 спрат |
Двособен | 68м2 | од 1 до 6 спрат |
Трособен | 83м2 | од 1 до 6 спрат |
Трособен | 87м2 | од 1 до 6 спрат |
Четирисобен | 98м2 | од 1 до 6 спрат |
Четирисобен | 115м2 | од 1 до 6 спрат |
Двособен | 62м2 | Поткровије |
Двособен | 69м2 | Поткровије |
Трособен | 82м2 | Поткровије |
Трособен | 88м2 | Поткровије |
Четирисобен | 103м2 | Поткровије |
Четирисобен | 123м2 | Поткровије |