Опис на проектот и становите

продажба на станови

Карпош 2023 е изграден на источниот агол од градежната парцела. Обиколена е од две страни со новопроектирани улици и тоа ул. „Број 4“ и ул.„Број 15“ и сите се реализирани до ниво на асфалтиран коловоз.

Улиците околу парцелата се предвидени да се изведат со тротоари со ширина од 1,5 до 2,0м. Влезот со патничко возило во локацијата ќе биде од улицата „Број 4“.

Теренот е практично рамен со пад од запад кон исток од 0,5-0,8%. Парцелата на која се предвидува проектираниот објект е со површина од 2511,08м2 додека максималната површина за градење изнесува 640,0м2.

Вкупната станбена корисна површина на објектот изнесува 3.904,53м2 без потпокривниот простор кој изнесува 679,60м2, со што вкупната корисна станбена површина заедно со потпокривниот простор ќе изнесува 4.580,13м2.

Карпош 2023 од лево
stanovi karposh 2023

Вкупната корисна површина на Карпош 2023 во приземјето, катовите и потпокривниот простор и подземните паркинзи изнесува 6.778,36м2. Нето станбената корисна површина на карактеристичен кат изнесува 682,65м2, додека вкупната бруто корисна површина по кат изнесува 757,66м2.

Котата од приземјето од кота на партерот ќе биде завршно +110см. Висината на станбените катови изнесува 2,90м од плоча до плоча. Висината на подземните паркинзи е 2,70м од плоча на под до плоча на партер.

Бидејќи максималната површина за градење на парцелата е 640,0м2,габаритот на објектот е иста така со вкупна површина од 640,0м2 процентот на изграденост на овој објект изнесува 100,0% а во однос на површината на парцелата 2.511,08м2,процентот на изграденост во однос за овој објект изнесува 25,48%.

Објектот е поставен на локацијата согласно со зададените параметри од Изводот од ДУП за град Струмица, со еден станбен влез ориентиран кон север и влез со возило од улица „Број 4“.

Становите се проектирани со различни површини од кои 36 се двособни (со површина од 45; 55; и 56м2), а 44 се трособни (со површина од 57; 61; 65 и 68м2) со можност за нивно спојување за формирање на поголем стан ако се јави потреба од тоа. Сите се наменети за слободна продажба.

Карпош 2023 локација
паркинг простор Карпош 2023

Карпош 2023 е проектиран со катност П+5 ката со тоа што потпокривниот простор е искористен за станбени содржини.

Во објектот се предвидени 80 стана со еден влез, и тоа по 12 на катовите и потпокривниот простор и 8 во приземјето. Во влезот посебно е предвидено просторија за домар.

Според бројот на станови, нивната големина и урбанистичките нормативи (на секои 80м2 станбена површина по 1 паркинг), за вкупната нето површина од 4.580,13м2 потребни се 57 паркинг места.

Карпош 2023 – паркинг

Дел од потребниот број на паркинг места е обезбеден во подземниот паркинг под самиот објект – 43, а дел на ниво на партерот на самата локација – 14.

Со законските прописи и проектната програма, предвидени се два лифта со носивост од 650кг.

Скалишниот простор е централно поставен како двокраки скали, а веднаш до скалишниот простор се формира армирано-бетонско окно за два лифта.

гаража

Скица и опис од станови

Опис
м2
Спрат
Двособен
45м2
од 1 до 6 спрат
Двособен
55м2
од 1 до 6 спрат
Двособен
562
од 1 до 6 спрат
Трособен
57м2
од 1 до 6 спрат
Трособен
61м2
од 1 до 6 спрат
Трособен
65м2
од 1 до 6 спрат
Трособен
68м2
од 1 до 6 спрат
  • Карпош 2023 опис станови
  • Карпош 2023 станови (2)
  • Карпош 2023 станови

Локација на станбен објект Карпош 2023