Биографија 

За Компанијата: Ние сме компанија која ги поставуваме новите стандарди за квалитет и безбедност во градбата на станбени објекти. Со секој проект, ние ги спојуваме најсовремени технолошки и европски стандарди за да создадеме станбени домови кои ги задоволуваат највисоките очекувања на нашите клиенти.

Компанијата е основана во 2009 година, со единствена намена – инвестирање во високоградба со продажба на станбен и деловен простор.

Следејќи го трендот во градежниот сектор, а со цел активно вклучување во подобрување на животниот стил на живеење во колективни станбени згради, Тотал Инженеринг со целосно посветена работа стана синоним за инвестирање во квалитетна и сигурна градба од различен тип.

Нашите објекти се потврда за професионалноста за која се залагаме, континуирано подобрувајќи го квалитетот и поставувајќи ги новите трендови во градежништвото воопшто.

⋅ Квалитет на градба

Нашите станови се изградени со највисок квалитет на материјали и строг надзор на изведбата, обезбедувајќи трајност и удобност за секој станар.

Со континуирано следење на современите технологии и модели на градење, како и нивна примена, постојана соработка со иновативни компании во областа на градежништвото и инвестиција.

Секогаш се користат најквалитетни градежни материјали со одлични термички, звучни и хидроизолациски својства за кои секогаш обезбедуваме најдолги гаранции, Тотал Инженеринг гради домови по врвни стандарди.

Материјалите и опремата која ја вградуваме во нашите станбено деловни објекти се исклучиво од реномирани европски и светски производители за чиј квалитет гарантираат самите производители и дистрибутерите на истите.

За успешно и квалитетно вградување на градежните материјали, изведбата на градежно-занатските работи како и самото градење, Тотал Инженеринг ангажира надворешни стручни и лиценцирани соработници од секоја област со што се осигурува квалитетот при градењето.

⋅ Цели

Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно еко домување,притоа ставајќи главен акцент на сеизмичката сигурност,енергетската ефикасност на објектите,на намалување на негативните влијанија врз животната средина и штедење енергија преку квалитетот на градежните материјали и вградената опрема.

На нашите клиенти им нудиме врвен квалитет на станбено деловни единици, по услови погодни за нивните потреби и можности.

ДГИ Тотал Инженеринг во континуитет врши применување на нови техники и технологии под надзор на високо стручно обучени кадри, се` со една цел – Обезбедување на сигурни и квалитетни услови за живот за своите клиенти.

Нашите соработници кои се задолжени за изведбата на енергетско-ефикасни градби, мораат да поседуваат меѓународно признати сертификати за квалитет, како и најсовремена опрема и механизација за градење.

⋅ Сигурност

Тотал Инженеринг Струмица е докажана градежна компанија која со посветена работа во изминатите 12 години бележи континуиран раст. Во иднина, наша примарна дејност останува изградба на станбени и деловни објекти, кои се и ќе бидат синоним за сигурна и квалитетна градба.

Тотал Инженеринг располага со солидна актива со што претставува финансиски моќна компанија која ги финансира своите проекти, при тоа незагрозувајки ги правата на своите клиенти или потенцијлни купувачи.

⋅ Уредување на просторот

Партерот околу објектот е решаван согласно условите кои ги налага локацијата на објектот, како и законските прописи за обезбедување потребен број паркинг места. Просторот во партерот околу објектот ќе се поплочи со „бекатон“ коцки со д=5см поставени врз слој ситен песок до д=6см. Површините наменети за зеленило ќе се насипат со хумус во слој со д=30 см. Во склоп на објектот е предвидено и детско катче.

⋅ Паркинг простор

Секој стан има доделено паркинг место кој се наоѓа во подземниот простор на објектот, а дополнително предвидуваме паркинг места за лица со посебни потреби односно 3% од паркинг местата се предвидени за лица со посебни потреби кои се предвидени во партер како би имале полесен пристап до влезот на станбената зграда, обезбедувајќи практичност и пристапност за сите наши жители.

Hover Box Element

За Компанијата