Станбената зграда е со димензии 19х12.80м во приземје и катност П+4+Пк, со висина 17.80м од кота на тротоар до кота на венец и висина 21.22м до кота на слеме.

Пристап за пешаци во станбената зграда е овозможен од улица “Ѓорѓи Соколов”, а за моторни возила од “Улица 1”. Главниот влез на станбената зграда е ориентиран на западната фасада и истиот се наоѓа на иста висинска кота како и тротоарот. Останатиот дел од приземјето каде се проектирани станбени единици е подигнато од кота на тротоар за 1.20м.

Паркирањето е решено на ниво на партер и на ниво на визба (кота -1.80 м), а пристапот до ниво на визба е преку двонасочна рампа со пад од 13.25% позиционирана во рамки на парцелата и пристап преку “Улица 1”. Поради тоа што во рамки на дел од градежните парцели 1.4, 1.5, 1.6, 1.7 и 1.8 не е можно да се обезбеди доволен број на паркинг места за проектираната бруто површина, согласно член 59 став 3 од Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, паркирањето е решено да биде заедничко со цел да го обезбедиме потребниот број на паркинг места. Обезбеден е доволниот број на паркинг места согласно вкупната површина за градење на објектот. За овој објект потребни се вкупно 23 паркинг места кои се решени на ниво на визба и на партер, односнона ниво на визба се обезбедени 9 паркинг места, а на партер 14 паркингместа. Од вкупниот број на паркинг места 3% се обезбедни за лица со телесен инвалидитет ( 1 паркинг место).

Во објектот се проектирани 23 станбени единици односно 11 двособни станови и 11 трособни станови, како и 4 подрумски простории во подзменото ниво и една просторија наменета за електрични инсталации (електрособа). На катовите и поткровјето се направени пречекорувања во однос на градежната линија во согласност со член 38 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и тоа на сите 3 страни (освен кај калканскиот ѕид на северната страна) на објектот во ширина од 1.50м. Во приземјето наобјектот, проектирани се 3 станбени единици, на секој од катовите се проектирани по 4 станбени единици, а на поткровјето се проектирани 3 станбени единици. Становите се проектирани со различни површини и тоа од 42,31м² до 99,59 м² наменети за слободна продажба и тоа на следниов начин:

На приземје: Стан број 1 со површина од 35,14м2; Стан број 2 – 54,76м2 и Стан број 3 – 60,93м2

На I-ви кат: Број 4 – 45,91 м2; Број 5 – 54,59м2; Број 6 – 63,05м2 и Број 7 – 46,08м2

На II-ри кат: Број 8 – 45,91м2; Број 9 – 54,59м2; Број 10 – 63,05м2 и Број 11 – 46,08м2

На III-ти кат: Број 12 – 45,91м2; Број 13 – 54,59м2; Број 14 – 63,05м2 и Број 15 – 46,08м2

На IV-ти кат: Број 16 – 45,91м2; Број 17 – 54,59м2; Број 18 – 63,05м2 и Број 19 – 46,08м2

На поткровје: Број 20 – 45,92м2; Број 21 – 54,60м2; Број 22 – 62,97м2 и Број 23 – 45,68м2

Становите со број 5, 6, 9, 10, 13, 14, 17, 18, 21 и 22 се ориентирани кон река Луда Мара, а становите со број 4, 7, 8, 11, 12, 15, 16, 19, 20 и 23 се ориентирани кон ул. Ѓорги Соколов. Ориентацијата на становите е прикажана во скиците на крајот на оваа страница.

Согласно законските прописи и барањата на инвеститорот дефинирани со проектната програма, проектиран и соодветно димензиониран е еден патнички лифт за 6 лица како и двокраки скали.

Обликувањето на објектот е постигнат со еркери, балкони и логии со различна големина и обработка.

Обезбедени се вкупно 4 станови за лица со посебни потреби. Исто така обезбедено е непречено движење на лицата со посебни потреби до објектот, а овозможен е и нивен непречен пристап до сите станови во зградата.

Партерот околу објектот е проектиран согласно условите кои ги налага локацијата на објектот, обезбеден е потребниот пристап за пешаци и возила како и зелени површини околу објектот. На партер и на ниво на визба е предвидена зелена површина која зафаќа 6.63% одвкупната површина на парцелата или 47,06 м2 .

На дел од партерот околу објектот се предвидува поплочување со “бекатон“ коцки со д=5см поставени врз слој ситен песок д=6см.



Scroll to top