Комплекс 1-5 Опис на проектот и становите
Комплекс 1-5 е со димензии 16.29 х 12.70м во приземје и катност П+4+Пк, со висина 17.80м од кота на тротоар до кота на венец и висина 21.22м до кота на слеме.
Пристап за пешаци во станбената зграда е овозможен од улица “Ѓорѓи Соколов”, а за моторни возила од “Улица 1” преку заедничка двонасочна рампа.
Главниот влез на станбената зграда е ориентиран на западната фасада и истиот се наоѓа на иста висинска кота како и тротоарот. Останатиот дел од приземјето каде се проектирани станбени единици е подигнато од кота на тротоар за 1.20м.
Паркирањето е решено на ниво на партер и на ниво на визба (кота -2.16 м), а пристапот до ниво на визба е преку заедничка двонасочна рампа со пад од 15.33% позиционирана во рамки на ГП 1.3 и пристап преку “Улица 1”. Обезбеден е доволниот број на паркинг места согласно вкупната површина за градење на објектот.
За овој објект потребни се вкупно 20 паркинг места кои се решени на ниво на визба и на партер, односно на ниво на визба се обезбедени 9 паркинг места, а на партер 11 паркинг места. Од вкупниот број на паркинг места 3% се обезбедни за лица со телесен инвалидитет ( 1 паркинг место).
Во објектот Комплекс 1-5 се проектирани 23 станбени единици односно 11 двособни станови и 12 трособни станови, како и една просторија наменета за електрични инсталации (електрособа) на ниво на визба.
На катовите и поткровјето се направени пречекорувања во однос на градежната линија во согласност со член 38 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и тоа на сите 3 страни (освен кај калканскиот ѕид на северната страна) на објектот во ширина од 1.50м.
Во приземјето на објектот, проектирани се 3 станбени единици, а на секој од катовите и во поткровјето се проектирани по 4 станбени единици.
Становите се проектирани со различни површини и тоа од 36,02м² до 61,68 м² наменети за слободна продажба и тоа на следниов начин:
Приземје: Стан број 1 со површина од 36,02м2; Стан број 2 – 53,97м2 и Стан број 3 – 60,94м2
I-ви кат: Број 4 – 47,35 м2; Број 5 – 61,68м2; Број 6 – 54,37м2 и Број 7 – 45,52м2
II-ри кат: Број 8 – 47,35м2; Број 9 – 61,68м2; Број 10 – 54,37м2 и Број 11 – 45,52м2
III-ти кат: Број 12 – 47,35м2; Број 13 – 61,68м2; Број 14 – 54,37м2 и Број 15 – 45,52м2
IV-ти кат: Број 16 – 47,35м2; Број 17 – 61,68м2; Број 18 – 54,37м2 и Број 19 – 45,52м2
Поткровје: Број 20 – 46,98м2; Број 21 – 62,07м2; Број 22 – 54,72м2 и Број 23 – 45,92м2
Орентација на становите
- Становите со број 5, 6, 9, 10, 13, 14, 17, 18, 21 и 22 се ориентирани кон река Луда Мара.
- Становите со број 4, 7, 8, 11, 12, 15, 16, 19, 20 и 23 се ориентирани кон ул. Ѓорги Соколов.
Партерот околу објектот е проектиран согласно условите кои ги налага локацијата на објектот, обезбеден е потребниот пристап за пешаци и возила како и зелени површини околу објектот.
На партер и на ниво на визба е предвидена зелена површина која зафаќа 6.43% од вкупната површина на парцелата или 34,02 м2 .
На дел од партерот околу објектот се предвидува поплочување со “бекатон“ коцки со д=5см поставени врз слој ситен песок д=6см.